Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 29

:
Macedonian - 2006
1 Езекија стана цар на дваесет и пет години, и царуваше во Еру­салим дваесет и девет години; мајка му се викаше Авија, Захариева ќерка.
2 Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, токму онака како и неговиот предок Давид.
3 Уште во првата година на царувањето свое, во првиот месец, тој ги отвори вратите на домот Господов и ги обнови;
4 и им заповеда на свештениците и ле­витите да дојдат, ги собра на источниот плоштад
5 и им рече: „Послушајте ме, левити! Сега осветете се, осветете го и домот на Господ, Бог на предците ваши; исфрлете ја нечистотијата од светилиштето.
6 Зашто предците наши постапуваа неугодно пред очите на Господ, нашиот Бог, Го оставија, го одвратија лицето свое од Господовото живеа­лиште, Му свртеа грб,
7 ја затворија вратата на притворот, ги угаснаа светилниците, не палеа кадило и не принесуваа сепаленици во све­тилиштето на израелскиот Бог.
8 И гневот Господов беше врз Јудеја и врз Ерусалим, и Тој ги предаде на пре­зир, на опустошување и на потсмев, како што гледате со очите свои.
9 Ете, предците наши паднаа под меч, а синовите наши, и ќерките наши, и жените наши затоа се во плен во туѓа земја досега.
10 И сега имам на срце да склучам завет со Господ, Бог Израелов, та да го отстрани од нас пламенот на гневот Свој.
11 Деца мои! Не бидете небрежни, зашто Господ ве избра за да стоите пред лицето Негово, да Му служите и да Му бидете служители и да кадите.“
12 Тогаш станаа левитите: Маат, синот Амасаев, и Јоил, синот Азариев од синовите Каатови; и од синовите Мерариеви: Кис, синот Авдиев, и Аза­рија, синот Јехалелелов; и од племето Гирсоново: Јоах, синот на Зима, и Еден, синот Јоахов;
13 и од синовите Елицафанови: Ши­м­ри и Јеиел; и од синовите Аса­фови: Захарија и Матанија;
14 и од синовите Еманови; Јехиил и Шимеј; и од синовите Једутунови: Ше­маја и Узиил.
15 Тие ги собраа браќата свои, се ос­ветија и отидоа по заповед на царот да го очистат домот Господов, според словото Господово.
16 Свештениците влегуваа внатре во домот Господов, за да го очистат, и сето нечисто, она што го најдоа во храмот Господов, го изнесоа во дворот на домот Господов, а левитите го зедоа тоа да го изнесат надвор кон потокот Кедрон.
17 И почнаа да осветуваат на првиот ден од првиот месец, и на осмиот ден на истиот месец влегоа во тремот Госпо­дов; го осветуваа домот Госпо­дов осум дена и на шеснаесеттиот ден од првиот месец завршија.
18 Тогаш дојдоа во домот кај царот Езекија и рекоа: „Го исчистивме домот Господов и жртвеникот за сепаленици, и сите негови садови, и трпезата за принесените лебови, и сите нејзини садови;
19 сите садови што беше ги зафрлил царот Ахаз во текот на царувањето свое, во своето беззаконие, ги приготвивме и осветивме; ете, тие се пред Господовиот жртвеник.“
20 Утредента рано царот Езекија стана, ги собра градските началници и отиде во домот Господов.
21 И дотера седум телиња, седум овни, седум јагниња и седум козли да ги принесат како жртва за грев, за царството, за светилиштето и за Јудеја; и им запо­веда на свештени­ците, синови Аронови, да принесат сепаленици врз Господови­от жртве­ник.
22 И ги заклаа телците, а свештеници­те зедоа крв и го поросија жртвеникот; ги заклаа овните и го поросија со крв жртвеникот; ги заклаа јагнињата и го поросија со крв жртвеникот.
23 Ги дотераа и козлите, кои беа жртва за грев, пред царот и собранието, и тие ги положија врз нив рацете свои.
24 Свештениците ги заклаа и го исчистија со нивната крв жртвеникот, за да се простат гревовите на целиот Израел, зашто царот беше заповедал да се принесе сепалинца и жртва за грев за целиот Израел.
25 И постави левити во домот Госпо­дов со кимвали, харфи и лири, според наредбите на Давид и Гад, царскиот јасновидец, и на пророкот Натан, бидејќи таа заповед беше дадена од Господ преку пророците Негови.
26 И застанаа левитите со Давидови­те свирки и свештениците со труби.
27 Тогаш Езекија заповеда да принесат сепаленица врз жртвеникот. И кога почнаа да ја принесуваат сепаленицата, почна пеење на Господ со звуци на трубите и свирките на Давид, царот израелски.
28 И целото собрание се молеше, пе­јачите пееја и трубите трубеа, сѐ додека не се изврши сепаленицата.
29 А кога заврши сепаленицата, ца­рот и сите, што беа кај него, се наведнаа и се поклонија.
30 Царот Езекија и началниците им рекоа на левитите да Го слават Господа со зборовите на Давид и јасновидецот Асаф; тие славеа со радост и се наведнуваа и се поклонуваа.
31 Продолжи Езекија и рече: „Сега вие Му се посветивте на Господ: при­стапувајте и принесувајте жртви и бла­годарствени приноси во домот Госпо­дов.“ И целото собрание почна да принесува жртви и благодарствени приноси, а секој кој имаше срдечна желба принесуваше и сепаленици.
32 А бројот на сепалениците, што собранието ги донесе, изнесуваше: се­думдесет волови, сто овни, двесте јагниња сето тоа за сепаленица на Господ.
33 Други свештени жртви имаше: шестотини глави крупен добиток и три илјади ситен добиток.
34 Но свештениците беа малку и не можеа да ги одерат кожите од сите сепаленици, па им помагаа браќата нивни левитите, додека се сврши работата и додека се осветија другите свештеници, зашто левитите беа поу­срдни во желбата да се посветат, отколку свештениците.
35 А притоа имаше многу сепаленици со масни меса од жртвите за помирување и со преливи врз сепаленицата. Така беше обновено служе­њето во домот Господов.
36 И се радуваше Езекија и целиот народ, поради тоа што Бог така го расположи народот, бидејќи тоа стана неочекувано.